ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

По втор пат опозицијата во Прилеп се приклучува кон протестите со автомобили

818

Опозицијата во Прилеп и вечерва се вклучи во протстите со автомобили, кој овај пат се организираа во седум македонски градови: Скопје, Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип и Битола.

Тргнувајќи од раскрисницата кај хотел Липа, движејќи се низ централното градско подрачје, органзторите направија круг со возилата низ Прилеп, со знамиња и пароли, искажаувајќи го својот револт против политичкиот прогон, политичкиот реваншизам кој, според организаторите , се случува во изминативе години во Македонија, од владеењето на СДСМ.

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност„ – го искажаа својот став на денешените протсти од ВМРО ДПМНЕ

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: