ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа ангажираше тројца нови фудбалери

725

Тројца нови играчи се приклучија на подготовките во пресрет на продолжението од сезоната во втората македонска фудбалска лига Исток. Двајца од нив се повратници-младиот Кирил Неделков(20 години) доаѓа од Плачковица а беше член и практично ги мина повозрасните категории од школата на Победа, како и Мирко Симјаноски, кој доаѓа од Тетекс, а минатата сезона 6 месеци го носеше дресот на Победа. Третиот нов играч е 27-годишниот лев офанзивен страничен фудбалер Петар Најдов, кој доаѓа од Кит-Го, а настапувал во Тиквеш, Плачковица, Вардар Неготино и 11 Октомври.

Првиот тест меч на 24-ти Јануари ќе биде со третолигашот Напредок Крушеани, на 27-ми јануари во Кичево следи дуелот со второлигашот Влазерими, а на 3-ти Февруари е закажан пријателски меч со третолигашот Вардар во Неготино. Третиот закажан дуел е со прволигашот Пелистер на 7-ми февруари во Битола, на 13-ти следи дуел со уште еден второлигаш-Велешта во Охрид, а “генералката” на 20-ти февруари со Тиквеш. Пролетниот дел на првенството во Втората лига-Исток започнува на 27-ми Февруари кога Победа ќе гостува на Брегалница во Штип.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе