ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОБЕДА ПОБЕДУВА, А БРАТСТВО ОД ЖИТОШЕ ‘И ПОМОГНА ДА БИДЕ ПРВА (ВИДЕО)

1.280
ШАНСИТЕ И ГОЛОТ ЗА ПОБЕДА НА ДАРКО АНЃЕЛЕСКИ
(ФУДБАЛ: Победа – Детонит 1:0)

https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/1041449573276671

 

Два важни меча се одиграа истовремено во Прилеп. На игралиштето кај Могилата домашното Братство од Житоше со 2:1 ја совлада Саса од Каменица. Последниот на табелата од Втората лига – Исток го победи лидерот. Домашните поведоа со голот на Еркан Шаип во 57. минута, израмнија гостите во 65. преку Митар Соколовски, а победоносниот гол е дело на Емир Мустафа во 88. минута. Ова е прва победа на Братство, кое претходно има уште и реми со Беласица.

Овој кикс на Саса е во полза на Победа која конечно се искачи на врвот од табелата. А Победа и сама си помогна да стигне до 1. место со победата од 1:0 над радовишки Детонит, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред околу 2000 гледачи.

Гостите се бранеа и ретко го минуваа центарот, но имаа и среќа кога топката трипати удираше во дирекот или во гредата, а неколкупати од самата гол-линија ја спасуваше голманот или некој играч. Одлучувачка е 63. минута кога по убава акција Бојан Спиркоски- Давид Јошески-Бојан Спиркоски, беше проигран в лево Дарко Анѓелески, кој со низок удар го совлада гостинскиот голман.

 

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Слога – Кожуф 2:1, Осогово – Кит-Го 0:3, Локомотива – Беласица 0:2. ТАБЕЛА: Победа и Слога по 19, Саса 17, Беласица 14, Кит-Го 12, Осогово 10, Кожуф 8, Детонит 7, Локомотива и Братство по 4.

ИДНО 9. КОЛО (30 октомври): Беласица – Победа, Детонит – Братство, Кит-Го – Локомотива, Кожуф – Осогово и Саса – Слога Шансите и голот за Победа на овој линк:.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: