ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почина Драган Вучиќ од компликации со коронавирусот

1.199

Почина пејачот и ТВ-водител Драган Вучиќ (65) од компликации со коронавирусот, а претходно подолго време се соочувал со хронично заболување. Вучиќ се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а имал проблеми со дијабетес подолго време. Веста за неговата смрт за некои медиуми ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ.

Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на  популарни поп песни како „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“,  а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

Изминативе години, Вучиќ беше популарен како водител на квизовите „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Среќни луѓе“, a последна емисија му беше „Гурмански приказни“ што се снимаше со пејачи, актери и уметници низ балканските земји.

Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, а син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: