ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на “Канал 77“

958

На 54-годишна возраст, по крaтко боледување, почина основачот на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ) и човекот кој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава, Горан Гаврилов. Тој беше сопственик на Националното радио „Канал 77“ и порталот Македонски медиа сервис (ММС) од Штип. На јавноста Гаврилов и е познат како долгогодишен медиумски работник. Инaку, неговот радио, Радио Канал 77 со седиште во Штип е првото македонско приватно национално радио, кое работи од 1991, најпрвин како како локално радио, а во периодот од 1995—1997 година гради мрежа за покривање на цела Македонија.

Радио Пела, како членка на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕММ), односно менаџерскиот тим изразува длабоко сочуство до семејството на Горан Гаврилов, со жалење за загубата на еден достоинствен медиумски работник, човек кој даваше максимална поддршка на нашиот медиум и со кои соработувавме во одредени моменти во насока на подобра законска регулатива за електронските медиуми, повосок дигнитет на радиото како медидиум и поквалитетно информирање.

Соучуство до семејството на Гаврлов изрази и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Во текот на долгогодишното опстојување на радиото во македонскиот медиумски простор, Агенцијата остваруваше соработка со неговиот основач којшто секогаш даваше активен придонес по прашањата кои се однесуваа на медиумската сфера.“- изразија сочуство од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Почивај во мир!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: