ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Подарок за децата – Кирил Самарџиоски не е повеќе мнозински акционер во Прилепска пиварница

1.614

Врз основа на договор за дар, Кирил Самарџиоски им ги даде на акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска своите 25.00 обични акции или по 12.500 акции на секое од неговите деца. Со дарот, сега, Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска поседуваат по еднаков дел од компанијата. Двајцата имаат по 14.500 акции или по 36, 32 отсто од основната главнина на Прилепска пиварница АД Прилеп.
„Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја известува јавноста дека на ден 29.06.2020 година врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12500 обични акции со право на глас. Со тоа, досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на Прилепска Пиварница – Кирил Самарџиоски им го подари на своите деца уделот во компанијата не поседува повеќе акции во компанијата, во која што беше член на Управен одбор и Претседател на одборот.“
Сашко Самарџиоски е член на Управен одбор и Генерален директор на Прилепска пиварница, а неговата сестра Панде Самарџиоска е член на Управен одбор и Заменик Генерален директор на Прилепска пиварница.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: