ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поддршка од три милиони евра од Фондот за иновации за иновативни проекти на компаниите

581

Првиот јавен повик за финасирање на проекти за мали и средни претпријатија има буџет од три милони евра, а вкупниот буџет за 2018 година во фондот за иновации и технолошк развој е близу 10 милиони евра,намнет за македонските  компаниите. Како до тие средства? Како да се аплицира и кој има право да го користи овој фонд?!

Токму за тоа говореа од Фондот за иновации и технолошки развој, пред 50-тина преставници од  прилепски компании на инфо сесијата која се одржа во Прилеп. Јавниот повик за аплицирање е во тек и ќе трае до до11-ти јуни, а целате е компаниите и стопнствениците да се запознаат со можностите и видовите на кофинансираните грантови..

Јавниот повик за финансиска поддршка на проекти, предвидува четири инструменти на поддршка. Ирена Георгиевска од Фондот за иновации и технолошки развој,  истакна дека со јавниот повик се финансираат иновативни проекти, но и проекти кои што подразбираат технолошки напредок.

„ Првиот инструмент е наменет за мали и средни претпријатија, кои имаат тенденција на брз пораст, или таканаречени ‘газели’,.вториот инструмент е наменет за микро претпријатија, третиот  за сите претпријатија, вклучувајќи ги и големите и тука поддршката е исклучиво за иновативни проекти. Четвртиот инструмент е наменет за стручно усовршување и пракса на млади лица. Процентот на кофинансирање од страна на Фондот зависи од самиот инструмент. За третиот  максимумот грант е до 70%, а за останатите три инструменти до 30“%  потенцираше Георгиевска.

 

Досега до Фондот за иновации и технолошки развој се поднесени преку 250 барања за подигање обрасци за аплицирање. Право да аплицираат имаат сите микро, мали и средни претпријатија од Република Македонија, а бројот на компании што сакаат да се пријават на јавниот повик, не е ограничен.

Фондот за иновации и технолошки развој пости од 2014 година.Досега средства од овој фонд имаат искористено 55 компани во Р:Македонија,но дел од предвидените средства никогаш не биле во целост искористени велат од  Фондот за иновации и технолошки развој кој оваа инфо сесиј аја организирааттокму за запознавање на компаниите и нивнот потикнување ,средствата да ги користат за нивно развивање и усовршување

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: