ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поетско Маркукуле -манифестација со љубов кон поезијата

847

Манифестацијата Поетско Маркукуле 2021 годинава по 15 ти пат се одржа на големо задоволство на вљубенците на поезијата на платото пред ЦК Марко Цепенков. Со оглед на пандемијата,единствено лани имаше прекин во традицијата. Учество зедоа 70 тина поети од земјава, од кои најмладиот 9, а најстариот над 70 годишна возраст, што е пак доказ дека љубовта кон пишаниот збор не познава возрасни граници. Беше најавено присуство на поети од странство, но од оправдани причини тие не пристигнаа во Прилеп.

Организатор втора година по ред е Клубот на литературни творци Прилеп, а поддршката за опстојување на традицијата дојде и од Центарот за култура Марко Цепенков, Локалната самуправа Прилеп, при што Поетско Маркукуле е дел од Прилепско културно лето. Инаку манифестацијата одржува традиција од 2006-та кога за прв пат се одржа во Градската Библиотека како средба на поети од Прилеп и Културно Македонско Друштво Пела од Љубљана Словенија, а од 2007-ма се одржуваше на Тронот кај Слонот на Маркови Кули.

Секоја година од песните кои се презентирани на настанот се издава Зборник кој наредната година им се подарува на застапените автори. Оваа година на сите учесници им беа доделени благодарници и по еден Зборник од Поетско Маркукуле 2019-та.

Манифестацијата е од ревијален карактер. Минатите години услов беше песните да не бидат подолги од 2 мин,а годинава услов беше да не содржат повеќе од 24 стиха. Темите на творење се неограничени. Поетско Маркукуле секоја година е потврда за квалитетот и љубовта кон убавиот збор, но и незаборавната дружба на учесниците.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе