ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Политичката кампања на пауза до завршување на гласањето за вториот круг од локалните избори

634

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела ќе се гласа во вкупно 44 општини, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Гласање за градоначалник ќе нема во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите, односно да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат да ги претставуваат учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со, или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

На 30 октомври на сила стапува молкот, кога паузираат активностите на политичките партии и кандидатите за градоначалници, а и медиумите имаат забрана и се воздржуваат од пренесување на партиско-политички ставови. Правилата за изборниот молк траат до 19.00 часот на 31-ти октомври, односно до затворање на гласачките места.

Ден пред одржувањето на вториот круг за локалните избори, гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците.

Денешното гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со ковид-19 и во изолација се формирани посебни избирачки одбори составени од медицински лица.

Утре, пак, во 7 часот почнува гласањето на избирачките места, кое ќе трае до 19 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: