ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Помирување на нациите – услов за мир во светот

691

Денеска на француските гробишта во Битола и на германските гробишта во Прилеп, со свечена церемонија и комеморација, беше одбележана деведесет и девет годишнината од примирјето на Франција и Германија, по воените конфликти на двете држави во Првата Светска војна. По тој повод, делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Томас Норберт Герберих и Кристијан Тимоние, делегација од Владата на Република Македонија, предводена од министерот Едмонд Адеми, од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, делегација од Општина Прилеп, преставници од АРМ, дипломатскиот кор во Македонија и преставници од здруженија на граѓани, положија венци и свежо цвеќе на спомен обележјето на паднатите војници во меморијалниот комплекс, германските гробишта во Прилеп
„Овде, денеска се потсетиме и да ги споменеме загинатите. Со ова сакаме уште еднаш да воочиме дека е можно да постои мир помеѓу нации кои претходно војувале меѓу себе и да покажеме дека тоа функционира. Бидејќи, не беа во прв план националните интереси, туку заедничките интереси“, порача германскиот амбасадор Норберт Герберих.

Амбасадорот на Република Франција, Тимониев освпјат мирољубива порака истакна
„Светот сеуште е жртва на насилство, вооружени конфликти и ограничување на слободата. Луѓето страдаат и умираат и се принудени да бегаат. Нашиот одговор на тоа е дека мораме да ја развиваме нашата способност за помирување“, рече  амбасадорот Тимоние.
Делегациите свежи цвеќиња положија и на спомениците подигнати во чест и спомен на загинатите бугарски и руски војници во Првата светска војна, чии тела се погребани на германските гробишта во Прилеп.
Во рамките на денешното одбележување, во Битола, Данги де Дезер, внук на загинатиот полковник Ордиони, учесник во Источниот фронт,  презентира во јавноста дел од активностите за објавување на писмата што неговиот дедо ги напишал на фронтот од 1917 и 1925 година.
А,според најавите од Француската Амбасада во Р.Македонија,  понеделник во хотелот „Епинал“,францускиот амбасадор, Тимоние ќе го отвори таканаречениот „научен ден“ посветен на Источниот фронт. На конференцијата, што ќе се одржи на тема: „Балканските општества во Првата светска војна“ учествуво ќе земат експерти од Македонија, Франција и други држави од регионот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: