ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Понижувачки е 1 кгр ориентален тутун да вреди колку 1 кутија цигари

1.051

Денеска, 15 ти декември започна редовниот откуп на тутунот според важечките законски регулативи. Вкупно 8 компании со обезбедена финансиска гаранција за откуп го преземаат производството на 173 пункта ширум државата. Претставниците на тутунските здруженија велат дека и оваа година откупната линија е ниска и реално не ги покрива трошоците во тутунската продукција. За ова, според нив најмногу влијае и новиот правилник за проценка.

„Според анализите од терен со кои располагаме приносот е намален и реколтата ќе тежи околу 20 милиони килограми. Во досегашниот откуп кој започна на 6 декември, 7 компании откупиле околу 1.7 милиони килограми со просек од 181 денар според ИСЕТ системот. А денеска, со откуп треба да започне и компанијата Бако. Според постигнатата просечна цена од досегашниот откуп тутунарите воопшто не се задоволни имајќи во предвид дека во оваа реколта располагаме со висок квалитет на родот. Ниту правилникот кој се донесе пред само еден месец не излезе во корист на тутунарите. Понижувачки е за нас килограм тутун да го предаваме по цена на една кутија цигари. Ние како тутунски работници сме зачудени втора година по ред од игнорантскиот однос на власта што буквално дозволува тутунарите да бидат опљачкани на вагите, и повторно бидат доведени на раб на егзистенција. Со ваквата лоша политика ќе биде доведено во прашање опстанокот на 30 000 семејства производители на тутун, ќе се доведе во прашање и опстанокот на тутунската индустрија, но најстрашно е што тутунот како стратешка култура на државата ќе исчезне од полињата. И затоа апелираме до Државниот инспекторат за земјоделство за постојана контрола на терен со што би придонеле при реалната процена на тутунот, како и уште еднаш ги повикуваме поверениците на ваги да застанат зад интересот на тутунарите од кои и се платени, вели Игор Мирчески од новоформираните тутунски здруженија.

Незадоволството од тековниот тутунски откуп го споделуваат и од Сојузот на земјоделски здруженија, од каде велат дека биле во контакт со компаниите кои го преземаат производството.

„Денеска се отвораат и последните ваги, да видиме до каде ќе достигне просечната цена, ние ќе преземеме се’ што е во наша законска можност против онаа компанија која  не се придржува да цени реално“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот.

За актуелната реколта според Министерството за земјоделство склучени се 26 670 договори со вкупно производство од 22 милиони килограми. Тутунскиот откуп треба да заврши најдоцна до 31 март.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: