ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поради пандемијата сметководителите бараат одложување на роковите. Ако нема одговор ќе организираат протест

701

„Поради голем дел на колеги кои се заболени и во изолација, како и клиенти со кои ни е намалена можноста за комуникација, оневозможено ни е нормално работење“ – посочуваат група на сметководители од струмица, на кои им се приклучуваат и група на прилепски книговодители, кои бараат средба со Владта. “Со ваквата ситуација во која се наоѓаме, ние и целиот бизнис сектор, попречено ни е нормално работење и извршување на обврските кон нашите клиенти и државата воопштено . Државата цела година се однесува како сметководителите да се имуни на КОВИД 19. Се носат закони, се менуваат правила, се носат мерки, роковите остануваат исти, а и казните и каматите исто така.“. – велат дел од прилепските сметководители.

Сметководителите бараат средба со владни претставници најдоцна до четврток попладне ,во спротивно ќе организираат протести, а не е исклучена ни можноста за генерален штрајк.

Главно барање на сметководителите е да се пролонгираат роковите за поднесување ДДВ пријави и годишна сметка. Оние кои имаат доказ дека биле болни или во изолација да не плаќаат казни и камати за задоцнето поднесување. Да се води сметка кога се носат мерки затоа што сметководителите постојано ги бркаат роковите за исплата на плати.

Сметководителите тврдат дека влади од други држави, без барања, ги пролнгирале роковите за достава на сметки, “а, кај нас ракот останува 15 март“-велат тие и најавуваат протести доколку не ја остварат средбата со Влада.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе