ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преадаптација на одделението за Уво нос и грло за пациенти болни од КОВИД 19 – Денеска 28 нови случаи и двајца починати

908

Денеска во општина Прилеп има 28 нови случаи на коронавирус, 10 лица оздравеле од заразната болест, а од последици на коронавирусот починаа две лица, на 55 и 56-годишна возраст, а 42 се на болничко лекување.

Недостигот на болнички легегла во инфективното одделението, одделението за уво нос и грло веќе е опремено за прифаќање на пациенти болни од коронавирусот. Во делот за изолација има боци со кислород, доколку на пациентите им треба кислородна поддршка. Во меѓувреме, со помош на прилепски фирми,  се оспособува централен довод на кислород на инфективното одделение.

-Деновиве изведувачот треба да заврши и очекуваме идната недела да се обезбеди централниот довод на кислодод во инфективното одделение кое е досегашен проблем, изјави Богоески.

За недостигот на персонал тој вели: – Итно мора да земеме пет до шест болничари и околу седум медицински сестри поради зголемениот обем на работа. Се обидуваме, преку Бирото за вработување да обезбедиме персонал на времен ангажман од еден месец, зашто секоја друга постапка бара време да се спроведе. Се надеваме ангажираните потоа да може да добијат договор на дело, додаде Богоески.

Инаку, според информациите од Центарот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата, во Прилеп  се направени 3 441 тест од кои пркеу 1 172 биле позитивни. Во моментов активни се преку 350 случаи.

Дел од содржината преземена од МИА

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: