ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска Пиварница донира за ЈЗУ „Борка Талески“ и за Итната медицинска помош Прилеп

3.517

Донација на средства во износ од 1.200.000 денари наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп обезбеди Прилепска Пиварница како одговор за олеснување со ситуацијата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, чија вкупна бројка изнесува 83 лица.

Останатиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.

„Како општествено-одговорна компанија, сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка кон целокупниот медицински персонал што секојдневно се бори со ковид-19 пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19.Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме.“ – изјави Самарџиоски Сашко, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Да ги почитуваме мерките издадени од надлежните институции и да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: