ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пред Универзалната сала во Прилеп ОТВОРЕН ТУРНИРОТ „МИЛЕ НЕШКОСКИ“

922

Во присуство на граѓани, ракометни љубители, некогашни и сегашни ракометари, спортисти, спортски работници, преставници од учесниците на турнирот попладнево пред Универзалната сала во Прилеп, делегации положија цвеќи и се поклонија пред спомен обележјето на некогашниот ракометен спортски ас Миле Нешкоски, во чија чест и спомен се игра шестиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“,

Присутните разменија спомени за големиот ракометар на некогашниот Тутунски комбинат, за големиот спортист и човек. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Почитувани членови на семејството на Миле Нешкоски, почитувани ракометари, почитувани вљубеници во ракометот, почитувани граѓани! Изминуваат 10 години откако Миле Нешкоски не е повеќе меѓу нас. Трајно згасна неговиот живот, во моментите кога своето богато ракометно искуство требаше да им го пренесе на генерациите кои доаѓаат. Во сеќавањето на прилепчани ќе останат првите натпревари коишто ги одигра токму овде, во Универзалната сала. Во негова чест, заради сето она што го направи за прилепскиот ракомет, по шести пат се одржува овој меморијален ракометен турнир, годинава меѓународен. Организирањето на еден ваков турнир е најмалку што неговиот роден град може да направи за него. Бидејќи, освен почитта, која на овој начин ја искажуваме како спортисти и граѓани на Прилеп, турнирот е можност да им се даде шанса на помладите ракометари да го достигнат и да го надминат она што во ракометот го направи Миле Нешкоски. Прогласувајќи го турнирот за отворен, во следните три дена посакувам да имаме квалитетни и фер-натпревари, во кои најмалку важен ќе биде победникот. Она што е многу поважно е да ја одржиме традицијата и сеќавањето за Миле Нешкоски. Нека му е вечен поменот! Вечна му слава!“ – рече Јованоски.

Согласно протоколите, натпреварите во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се играат без публика, но љубителите на ракометот ќе можат да ги проследат натпреварите преку Livestream.

На турнирот свежо цвеќе положија и кандидатите за градоначалници на Прилеп за престојните локални избори.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: