ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Предвелигденски хуманитарен концерт на црковните хорови „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“ Прилеп

593

Предвелигденски ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ на Православна духовна музика со хорските ансамбли на Света Петка. Настанот ќе се одржи на 4-ти април 2018., со почеток во 19ч., во внатрешноста на храм Св.Петка, населба Точила, Прилеп.
На програмата ќе биде застапено источно-црковно пеење, дела од Григориј Протопсалт, А.Бадев, С.Мокрањац, П.Динев, И.Валјаев, Г.Секулоски, руски црковни напеви и и друго, под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски
Според иницијаторите за овој хуманитарен концерт во самата црква или пред неа, ќе бидат поставени два штандови каде ќе може да се купи ДВД со музика од хорот Света Петка, како и книга за изградбата на храмот.
Сите средства од донациите и продажбата по симболични цени на споменатите артикли, ќе бидат донирани во хуманитарната акција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: