ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стојкоска од Витаминка и Јакимоска од Комфи Ангел во 10 те жени најменаџерки

1.040

Агенцијата Марили по 22ри пат ги избра 10те најуспешни жени менаџерки на Македонија. Единствена од кондиторската индустрија, во ова импозантно друштво на успешни, професионални и храбри жени е Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во Витаминка.
Покрај Наташа Стојкоска, од Прилеп со наградата во најуспешните жени менаџерки е и Ирена Јакимоска од„Комфи Ангел“, а останатите годинашни добитнички на признанието се Пенка Мукаетова од Консалтинг Интер Груп, Лидија Таскова-Попова од „ЕСП“, Горица Дачевска од ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Јана Јанеска-Ристески од Центар за современа ликовна уметност, Елена Табаковска од „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова од „Елит Травел“, Александра Аргир од Пивара Скопје, Магдалена Трајковска-Трпевска, генерален менаџер во Технолаб .
Сите овие жени се дел од успешни компании од приватниот сектор, од различни области и дејност, од целата држава.
Агенцијата Марили како единствена што го елаборира бизнисот од менаџерски аспект, веќе десет години успешно го организира овој избор. При изборот на најуспешните жени менаџерки се разгледуваат повеќе аспекти во работењето, позицијата, статусот, професионалниот успех, резултатите во работењето и придонесот за статусот на компанијата. Покрај основните менаџерски карактеристики, од телото надлежно за изборот се оценуваше колку добро се прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени.
Оваа година изборот беше поддржан од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која им се обрати на лауреатките.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспешни менаџерки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: