ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преку практична работа се гради професионалноста

1.007

Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ во Мадрид ,Шпанија на пракса .Тие се дел од проектот “Practice Makes Profesionales . Десет учениците од здравствената струка под менторство на професорките Билјана Бошкоска, Петра Лукароска и Даниела Јорданоска веќе осум дена имаат можност да бидат дел од проектот од програмата Еразмос плус од европската комисија при Советот на Европа и Националната агенција за Европски развојни програми и мобилност.

Учениците во Мадрид, сместени во близина на старскиот дом, каде ја обавуваат својата пракса, ги пренесуваа своите импресии од пракичните вештини кои ги стекнуваат со секојденевниот ангажман. За нашиот портал, Радио Пела тие велат:

 

„Стекнав нови пријателства и нови знаења кој ќе ги пренесам дома,а и мене ќе ми кристат . Она што ми остави впечаток е онаа љубезноста на персоналот кон штитениците во домот. Чудесно и интересно!“ –  вели Сања Цветкоска ученичка од II год.

„За мене ова е едно големо искусво и надоградување на моето знаење стекнато во СОУ “Ѓорче Петров“ . Тука вклучени сме во секојдневни активност: мерење на витални знаци, помош при храна, делење на терапија , преврски, помош при одржување на лична хигиена и др. Научив многу и се запознав со нови апарати кои ги нема во прилепската болница“ – го пренесува свото искуство при престојот во   Есад Алмерович ученик од IV год.

 

„На штитниците од домот им ја пренесувам нашата култура и традиција. Како дел од терапијата го цртаме македонското знаме ,играме македонски ора ,пееме македонски песни и сето тоа е едно ново доживување за мене“ – тврди  Сара Стојаноска ученик во IV год.  здравствената струка

„Учениците ови денови одат на пракса со воодушевување и кога се враќаат најпрво ги сумираме заеднички впечатоците од тој ден. Тие искажуваат задоволство од тоа што го сознаваат и прават,пред се  од односот на персоналот кон нив ,но и кон штитениците во домот, како и генерално од работата и организацијата во домот. Прават споредба на досегашните и стекнатите вештини и знаења, со цел да се примени новото во иднина. Добор и корисно би било кога би имало повеќе вакви проекти за учениците, бидејќи практиката е значен сегмен за нивното професионално оформување „– вели менторот, проф. Петра Лукароска

Инаку, овој е првиот дел од проектот Practice Makes Profesionales. Вториот дел ќе се одржи во Софија, Бугарија,каде ќе присуствуваат ученици од СОУ Ѓорче Петров,но овој пат од струката лични услуги.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: