ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пресметка меѓу Македонци и Грци на протестите во Мелбурн

658

Преговорите за името ги разгореа страстите на Грците во Австралија, кои изминативе неколку недели, од како се интензивираа активностите за решавање на спорот, најавуваа масовни протести во Мелбурн.
Протестот, под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка„ на иницијатива на една грчка организација вчера се одржа во Мелбурн. Најавен како мировен, протестот ни оддалеку не останал мирен, туку напротив, поради употребата на националистички пароли предизвикал вербална и физичка пресметка, при што интервенирала и австралиската полиција.
Имено, за време на демострациите група етнички Македонци седеле во непосредна близина на Грчкиот конзулат. Пресметката настанала од како Македонците облечени со македонски национални обележја биле забележани од страна на демонстрантите, при што тие ги нападнале со вербални навреди и физичка пресметка. Полицијата која присуствувала за време на одржувањето на протестот веднаш интервенирала со солзавец и спреј, и за кратко време тензиите се смириле.
На протестот во Мелбурн со грчки знамиња и со националистички транспаренти се извикувало „Македонија е грчка“, „Бугари“„Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе од грчката заедница, која патем е меѓу најбројните етнички заедници во главниот град на Викторија, Австралија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: