ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Премиера на „КАЗИМИР И КАРОЛИНА“ на театарот „Војдан Чернодрински

526

Вечерва, театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја прикаже прествата „КАЗИМИР И КАРОЛИНА“ од Еден Фон Хорват, во режија Нела Витошевиќ.   Претстава содржи алузии на нашата денешна реалност и недвосмислено го отсликува духот на ова  време. „Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа. Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга, претставата ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата и статусот.

Затскриен зад светликавите рингишпили, тезгите со сладолед и храна меѓу кои се случува дејството на оваа претстава, изобилството од алкохол и општата еуфорија која владее на Октоберфест, ова е всушност еден брутален и безмилосен светна малодушност и банално секојдневие, свет во којшто човековите копнежи и соништа во целост зависат од материјалното. Луѓето го губат тлото под нозете и нивната борба за некакво упориште е осудена на неуспех.  Во такви услови, само од себе се наметнува прашањето – “какви шанси има љубовта?!“

Во преставата играат: како Казимир  –  Димитар Ѓорѓиевски,Каролина –  Катерина Чакмакоска,Ширцингер – Никола Настоски, Меркл Франц/ Човек со глава на булдог – Зоран Иваноски, Ерна/ Хуанита – Ангела Наумоска, Раух – Игор Трпчески, Шпер – Александар Тодески, Ели – Јасмина Мицовска – Станкоска, Марија /Кепец – Наташа Ачански и  Конферансие/Доктор/Келнер  – Михајло Миленкоски

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: