CSS Template

Прилеп и Куманово за прват заедно ќе го одбелжат 11-ти Октомври – поставена репликата на „Орденот за народен херој“ за град Прилеп

362

Оваа година, по повод 77 години од  Денот на народното востание, градовите каде што започнало востанието во Македонија, Прилеп и Куманово, за прват заедно ќе го одбележат државниот празник.11-ти Октомври,  Денот кога започна НОБ на Македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Градоначалниците на двата града, во предвечерието на празникот, на 10-ти октомври  октомври, ќе одржат пригоден говор пред платото на плоштадот Александрија, каде ќе започе и централнот чествувањето со традиционалниот напад на Участакот и огномет. На честувањето, по повод 11-ти Октомври ќе присуствува и ќе говори и премиерот на Р. Макеоднија ,Зоран Заев .

По повод празникот градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски на денешната средба со новинарите рече:

„Одбележувањето на празникот започна вчера, а ќе трае до 14 октомври со одбележување на голем број, културни, забавни и спортски настани во текот на овие неколку дена. Центарот за култура ќе биде домаќин на низа културни настани, театарски претстави и изложби. Центарот за современа ликовна уметност за прв пат оваа година ќе го организира фестивалот „Со Марко на улица“. За нас најважно и најбитно е секако тоа што конечно во Општина Прилеп и меморијалниот музеј „11 Октомври“ ќе биде поставена репликата на „Орденот за народен херој“ за град Прилеп. Орденот што го има добиено Општина Прилеп на 7 мај 1975 година од страна на Маршалот Јосип Броз Тито е гордост за нашиот град и треба да се сеќаваме и да му оддадеме признание на сите оние борци кои загинаа во НОВ за да го добиеме овој орден. Атрибутот кој го носи Прилеп, Прилеп Град херој, е токму за ова прилика. Орденот после осамостојувањето на Македонија е изгубен во лавиринтите во старата општинска зграда. За жал не е пронајдено како е изгубен овој орден и органите на прогонот се немаат изјаснето до каде е постапката. Со директорот на Заводот и музеј Прилеп, Благоја Атанасоски, се заложивме да направиме реплика на Орденот“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

 

За 11 Октомври Општина Прилеп ќе има и богата културно забавна програма со концерти, изложби, театарски претстави, а вистински спектакл се очекува да се случи од 11 до 13 октомври кога за прв пат ќе се одржи фестивалот „Со Марко на улица“ кој ќе има бројни културни содржини.

Официјалното отворање на фестивалот е во четврток во 19 и 45 часот, пред Домот за култура Марко Цепенков. Ќе отвориме со многу интересна огнена престава, значи преставата ќе биде комбинација од престава и перформанс со оган. Потоа ќе следат многу тематски содржини од кои најинтересни, најатрактивни, кои комплетнo ќе се занимаваат со реактуелизацијата со ликот на Марко Цепенков се 3Д визуелизациите, кои што ќе ги промовираме навечер, работилниците за деца, сликањето на ѕидни површини, слем вечерта и сите овие тематски содржини кои што ги нагласувам, во целост се инспирирани од ликот и делото на Марко Цепенков. Значи тие три дена Марко Цепенков, можеби не на очигледен начин, но ќе биде присутен насекаде низ градот“, рече Звонко Димоски, од Центарот за современа ликовна уметност.

 

Утре по повод празникот во ОО на Сојузот на борци и нивните поддржувачи ќе се одржи и предавање на тема „Формирање и борбениот пат на 5-та Народноослободителната ударна бригада“,чии предавач ќе биде Тони  Попоски ,полковник во пенезија.

 

Инаку, 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ е  дрважвен празник. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квинслишка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. На овој ден делегации од локалната власт , политчки партии, преставници од учесници во НОБ и  нивни поддржувачи, грашани ќе положат цвеќе на спомникот на Методија Андонов Ченто,Куззман Јосифоски Питу  и на Могилата на непобедените во Прилеп.


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni