ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп, ден пред Пивофест – подготвен за фестивалот! (ФОТО – ГАЛЕРИЈА

596

Ден пред Пивофест – последни подготовки на градот, јавните комунални претпријатија и организаторот. Утрешниот почеток на најголемата манифестација под отворено небо во Прилеп ќе биде беспрекорен, потенцираше денеска на прес конференција градоначалникот на Општина Прилеп – Илија Јованоски.

– Подготовките се на крај, успешно ќе го дочекаме почетокот на Пивофест. Ова се однесува и на организаторите Баги комуникации, како и безбедносната состојба која е задоволителна и обезбедувањето кое што е вклучено за фестивалот  и во овој момент нема никакви пречки, рече градоначалникот Јованоски.

.

Јавното комунално претпријатие Комуналец ќе го понесе најголемиот товар за да обезбеди чист град, но и оваа година да се покаже како добар домаќин на кампинг зоната на Паркот на револуцијата на Могила. Директорката Ирена Станкоска уверува дека и покрај временските неприлики при крај се активностите за прием на илјадниците гости кои ќе пристигнат во Прилеп.

– Забрзано се работи и веќе и при крај средувањето на сите влезови во градот. Максимално ќе одговориме и на потребите на кампингот кој ќе биде организиран на Могилата на непобедените во долниот дел, каде се подготовките комплетно завршени, рече Станкоска.

На средбата со новинарите Емил Јанески директорот на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп потенцираше дека не само централното градско подрачје каде ќе се одржува Пивофестот, здрава вода за пиење ќе се обезбедува во континиуитет и без проблеми.

– Изградени беа водоводни и одводни линии на секој штанд, согласно планот на Општина Прилеп, комплетирани се екипи кои 24 часа редовно ќе бидат на терен заради отстранување на секој проблем кој што би се појавил, а кој што е во надлежност на јавното претпријатие, потенцираше Јанески.

Паркинг просторот за гостите на фестивалот на пивото, годинава ќе биде распределен на поинаков начин, кои се новините за паркинг зоните говори Илија Иваноски раководител на Јавното претпријатие Паркинзи.

– Оваа година за прв пат ќе имаме поинаков принцип на паркирање на возилата, значи сите возила кои ќе бидат дојдени и присутни за време на Пивофестот, ќе бидат паркирани на периферијата на градот, со тоа за да можеме да го растовариме централното градско подрачје, со користење на паркинзите на училиштата. Со тоа послободно ќе може да функционира Градскиот сообраќај.

Инаку, најголемиот дел од штандовите веќе се поставени на Булеварот „Гоце Дечев“, а денеска ќе заврши и монтирањето на главната бина.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: