ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“

753

Утре , петок (19 јули 2019 во 20.00 ч.), во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“, на која ќе бидат изложени дела од 15 уметници од   Русија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Италија, Германија, Романија, Македонија

Изложбата ги нагласува идеалите на пријателството и меѓународната соработка. Уметниците кои учествуваат на оваа меѓународна изложба ги споделуваат своите култури, јазик и традиции со уметници чии земји ги посетуваат. Универзалниот јазик на уметноста станува нивниот медиум за комуникација со сите.

Изложбата е дел од годишната програма на Центарот поддржана од Министерството за култура, и во соработка со  Интернационалната уметничка група Соло и Меѓународниот културен центар од Москва.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: