ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Двајца новозаболени, 5 мина излекувани

744

Во Oпштина Прилеп денеска, понеделник 27 април, се евидентирани два случаи на новозаболени од КОВИД-19, додека петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест, информираат од прес службата при општината.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 242 лица;

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека досега од коронавирусот се излекувани 29 граѓани на општина Прилеп и еден од општина Крушево.

Во деновите од викендот забележани се 5 нарушувања на полицискиот час.
Во Општина Прилеп пристигна донацијата од Министерството за здравство од 32.000 заштитни маски, која ја дистрибуираше Дирекцијата за заштита и спасување.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе