ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Еден нов случај на заболен од корона вирус

682

Во општина Прилеп денеска, вторник 12-ти мај е евидентиран еден нов случај на КОВИД-19, а до овој момент нема информација за новоизлекувани пациенти од оваа заразна болест, се вели во информацијата од општинската прес служба.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица, од кои 11 се позитивни на коронавирус, а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати. Се намалува бројот на лицата во самоизолација , така што, заклучно со денеска се вкупно 234 лица. Изминатото деноноќие, поминало мирно, без нарушување на полицискиот час.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе