ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Основно човеково право е здравјето – Меѓународен ден на медицинските сестри

682

Медицинските сестри се промотори на здравството, чувари на здравјето на пациентите, главната карика за обезбедување на потребната медицинска грижа. Денеска во целиот свет, професионалците, без кои не може да се замисли здравствениот систем, во услови на пандемија, го слават Меѓународниот ден на медицинските сестри. Во системот за здравствена заштита, според светските статистики медицинските сестри ја сочинуваат половината од вкупниот број на вработени. Во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп работат 210 медицински сестри кои посветено и неуморно работат на се она што значи одговорна, храбра, пожртвувана, несебична работа во очувување на здравјето на поединецот . Од оваа институција посебна честитка упатија до сите медицински сестри, а особено кон тимовите кои се во директен „контакт“ со пандемијата.

А, новиот вирус можеби најсилно досега ја изнесе на виделина нивната огромна улога и пожртвуваност. Како и досега, зад нив остануваат неброени денови и ноќи поминати во грижа за пациентите. Тие се првиот контакт, првата помош, првата утеха и првата подадена рака –  истакна за радио Пела во емсијата  #SediDomaSoRadioPela , Роза Рулеска Пиличева,  главна медицинска сестра во Општата болница „Борка Талески“-  Прилеп

Во услови на пандемија, во Болницата владее чудна тишина, не дека персоналот е редуциран, туку тишината е затоа што медицинскиот персонал е застанат пред стравот од пандемијата, но во исто време се во директна борба со болеста. Предизвик е за сите да се излекуваат пациентите, посебно сакам да упатам честитки до медицинскиот персонал кој се грижи за пациентите во Инфективното одделение, зашто тие непрекинато се грижат за нив, несебично вложувајќи се себе си. Малку е невообичаен начинот на празнување, зашто ние од почетокот на Неделата на сестринството 5 ти мај, традиционално го одбележуваме со едукација. Разработуваме важни теми на медицински персонал, со што го надоградуваме нашето знаење преку предавања на стручни теми од специјалисти.

Но, денес е многу важно што оваа професија е подостоинствена и е повеќе почитувана. Луѓето чинам дека го сфатија значењето на нашата професија и знаат денес да ги вреднуваат здравствените работници, особено професија, медицинска сестра,  која е одговорна и максимално посветена на грижата за секој човек, за секој пациент бидејќи здравјето е најважно„ – рече Роза Рулеска Пиличева,  главна сестра во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп

https://www.facebook.com/radiopela/videos/243976566681509/

Разговорот со Роза Рулеска Пиличева,  главна медицинската сестра во ОБ „Борка Талески“ Прилеп, во целост можете да го проследите од 20 -та мин. од почетокотна емсијата

Светскиот ден на сестринство, е востановен од Меѓународниот совет на медицински сестри, во знак на почит кон најпознатата медицинска сестра во светот Флоренс Најтингел. Најтингел е родена на 12 ти мај во Италија и цел живот го посветила на борбата за унапредување на својата професија и правата на жените. Таа го отворила и првото училиште за медицински сестри во светот.
Инаку, од 5 до 12 мај се одбележува Неделата на сестринството, во која годинава ќе изостанат средбите и свеченостите со оглед на тоа што медицинските работници се во првите редови во борбата против коронавирусот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: