ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ти ноември (ГАЛЕРИЈА)

702

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, Споменик кај месноста Песјобрдце, од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здуженија,  градот – првоборец, Прилеп, го одбележа 3-ти Ноември. „ Денот на конечното ослободување од фашистичкиот окупатор, 76 годишнината, се одбележува во специфични услови кога пред нас е предизвикот – борбата со корона пандемијата“, посочи градоначалникот Илија Јованоски.

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп – 3 ти ноември, годинава, свеченоста за доделувањето на Трето ноемвриските награди денеска на пладне се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, со почитување на протоколите за превенција од корона вирусот. За прв пат, претседателот на Советот – Еленче Ташкоска не беше физички присутна на седницата и онлјан се обрати на присутните – советници и добитници на признанијата.

Комисијата за одбележување празници и манифестации, при Советот на општина Прилеп, годинава одлучи да бидат доделени 2 златни плакети, 3 плакети 3 Ноември на организации и 5 дипломи на поединци. И тоа :

–За особен придонес во развојот на новинарската професија, награда за животно дело „Златна плакета“ му се додели на новинарот Миле Талески.

– „Златна плакета“ за животно дело, за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност, постхумно и’ се додели на Нина Спирова.

За покажана посветеност, одговорност и пожртвуваност при справувањето со пандемијата на Ковид-19, награда Плакета „3 Ноември“ добија:Одделот за инфектологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп;Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при ЈЗУ Здравствен дом Прилеп;Одделението за трансфузиона медицина – Прилеп при ЈЗУ ИТМ на РСМ; Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје Прилеп.

–За покажана висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19, добитник на Плакета „3 Ноември“ е компанијата „ГИФТИ ТЕКС“ ДООЕЛ Прилеп, а за придонес во заедницата преку младински волонтеризам и хуманитарни активности, Плакета „3 Ноември“ добива ЛЕО КЛУБ Прилеп.

Добитници на Дипломи „3 Ноември“ се: Ванѓел Здравески, член на медицинскиот тим кој ја изврши првата трансплантација на срце; Асен С. Стаменов, за особен придонес во развојот на литературното творештво; Киро Здравески, за постигнувања во областа на џудо – спортот; Андон Јованоски – Ашата, за постигнувања во областа на театарската уметност; Постхумно, Диплома „3 Ноември“ му се доделува на Вељко Силјаноски, основоположник на македонската фонетика, фонологија и компаративна книжевност.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе