ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

УТРЕ, ПРИЛЕП ГО ОДБЕЛЕЖУВА 3-ТИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ФАШИЗМОТ

884

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, Споменик кај месноста Песјобрдце, од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здуженија,  градот – првоборец, Прилеп, утре ќе го одбележи 3-ти Ноември, Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор.

По повод празникот,  традиционално, на свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со почеток во 12:00 ќе бидат доделуви Третоноемвриските награди, на најзаслужните прилепчани

Свечената седница ќе се одржи во големата сала на Општина Прилеп. Во насока на целосно запазување на протоколите за организирање настани и мерките за заштита од коронавирус, седницата ќе се одржи со редуциран број на присутни и без присуство на новинарски екипи.

По повод 3-ти Ноември на ѕвездената патека на славните на плоштадот каде се поставени имињата на заслужни прилепчани, пред ЦК Марко Цепенков ќе се најде името на Ѓорѓи Желчески , како заслужен граѓанин на Прилеп, еден од најголемите музички  уметници кој дал огромен придонес во негување и промоција на македонската народна музика надвор од границите на Македонија, во целиот свет.

Инаку , Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија. Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: