ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го прослави патрониот празник Св Никола – нови домаќини “Теракота“

1.223

Прилеп ја прослави градската слава Св Никола. После свечената божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, пред параклисот во центарот на Прилеп, во присуство на неговот преосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и свештениците од прилепското црковно намесништво,  граѓани, верници, градоначалникот  на Прилеп ,Борче Јовчески, претседателот на Советот на Оптшина Прилеп, Дејан Проданоски, пратеници и гости, се одржа осветување на славскиот колач.

Минатогодишниот домаќин на градската слава, сопственикот на компанијата „Футура“, Тони Тарунџиоски, се заблагодари што беше домаќин минатата година, a сопствениците на Теракота Инжинеринг, Коса Тошески и Гордан Бошкоски, станаа  нови домаќини на градската светиниколска слава. Во таа чест тие од градоначалникот на Прилеп добија икона и посакаа годинава што доаѓа да мине во љубов , среќа, благодет на граѓаните на Прилеп, со надеж дека ќе се надмине здравствената криза и пандемијата.

 

Традицијата претставува идентитет на секоја држава, а нешто што не прави горди нас како прилепчани е токму таа, уметничкото творештво, историјата, археолошките локалитети, познати музички, актерски, спортски имиња и презимиња. Во таа насока јас како градоначалник, ќе продолжам да го развивам актуелното творештво, со се поголем интензитет, а Општина Прилеп ќе ги чува и негува локалните традиции и духовноста обновувајќи го Прилеп како препознатлива дестинација во која ќе може секој еден турист, гостин, добронамерник да не посети и да го доживее  духот на вековното традиционално наследство. Во знакот на празничната симболика би сакал на сегашниот и новиот домаќин да им го честитам денешниот празник и да им посакам Свети Никола да им донесе многу здравје, среќа и бериќет . А на вас мои прилепчани да верувате во моите заложби и ветувања! Господ да не благослови сите, Нека е честит големиот празник Свети Никола! За многу години!” истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе