ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп не го предава второто место според бројот на активни Ковид случаи

859

Во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на Ковид-19, информираат од министерството за здравство, од кои во Скопје 334, а во Прилеп повторно на второто место со 56 нови случаи за последното деноноќие. Од останатите градови регистрирани се во Крушево – седум новозаболени каде исто така е во пораст бројот на нови случаи со Ковид 19.

Според порастот и ширење на епидемијата, Прилеп со 641 е на врвот после Скопје (3 681) по бројот на активни случаи.

Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 102 482 од 519 985 направени тестирања. Оздравени се  91 066, а починаа 3126 пациенти.

Пријавени се седум починати лица – двајца пациенти од Скопје (68 и 81 година) и по еден пациент од Тетово (49), Прилеп  (73), Струмица (76), Кочани (72) и Делчево (43). Сите се починати во болнички услови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе