ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Штип домаќинот не дозволи изненадување

657

Победа денеска стартуваше со пораз во натпреварите од пролетната сезона со гостување во Штип, на Брегалница, лидерот на табелата од Втората лига-Исток. Во натпревар од првото пролетно, а редовно 17-то коло Брегалница, ја совлада Победа со 2-1.

Победа во првиот дел дојде до водство со голот на Грозданоски во 23. минута,  во режија на двајцата новајлии: Најдов кој одлично центрираше, а напаѓачот на прилепчани-дебитантот Гроздановски ефектно со глава ја затресе домашната мрежа. Во второто полувреме најпрво Мартин Стојанов, на асистенција на Маневски, во 54. минута израмни, а потоа во 75. минута Дарко Додев стрелаше за конечни 2-1 на асистенција на капитенот Ристе Наумов.

Победа настапи во состав: Котевски, Бошески, Петкоски, С. Спиркоски (од 83 мин Каралиоски), Стомнароски, Митрески (од 90 мин Ф. Спиркоски), Дунимаглоски, Ангелески, Јошески (од 73 мин Кисески-Илијоски), Најдов (од 90 мин Симјановски) и Грозданоски.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (17. КОЛО)

Слога Виница – Кит Го 0-2

Брегалница – Победа 2-1

Тиквеш – Росоман 3-0

Осогово – Каменица Саса 1-1

Кожуф – Плачковица 0-0

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе