ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: нема новозаразени со Ковид 19, во изолација 77 лица

565

Денеска, среда 29 јули, според информацијата од Центарот за јавно здравје Прилеп, нема нови случаи на корона вирус, а едно лице оздравело од заразната болест.Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 77 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во општина Прилеп изнесува 327.

Инаку, денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, најави дека се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19.

На сегашните 11 институции за дијагностика, се планираат уште три нови со што треба да се добијат уште 200 до 300 брисеви дневно, и со тоа, да се зголеми процентот на брисеви и од 1.500 дневно  до 2.000 .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: