ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пари од Светска банка и за прилепските улици

528

Започнува со реализација проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје, најави денеска од Прилеп министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Вредноста на проектот е 70 милиони евра, кои се обезбедени од Светската банка.

„Во оваа прва фаза влегоа само општините кои до Министерството доставија готови ревидирани проекти кои Светска банка веднаш ги одобри. Исто така, сакам да најавам дека работиме и на вториот пакет на општини кој некаде до средината на август ќе го испратиме на одобрување до Светска банка“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Во тек е првиот тендер за реконструкција и санација на вкупно 28 улици и локални патишта во 27 општини. Градежниот зафат ќе опфати локални патишта и улици во должина од 23,6 километри, во вредност од 4,5 милиони евра.

За санација и изградба на локални патишта Прилеп има добиено милион и двесте илјади евра. Градоначалникот Илија Јованоски најави реконструкција на дел од улицата Мице Козар, а потсети дека Општина Прилеп аплицираше и за втората транша во Министерството за транспорт и врски, со проект за реконструкција на улицата „Леце Котески“.

„Со средства од Министерството за транспорт и врски, есенва започнува санацијата и реконструкцијата на улицата ‘Мице Козар’, една од најфреквентните улици во градот“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски. За втората транша аплициравме со уште еден крупен инфраструктурен проект, тоа е улицата ‘Леце Котески’, која е клучна за влезот од Крушево. Со реконструкцијата на оваа улица, како и со изградбата на новиот бетонски мост во ‘Сточен пазар’ и реконструкцијата на улицата ‘Трајко Николоски’, ќе се заокружи патната инфраструктура во тој дел од градот, потенцираше градоначалникот Јованоски.

Инаку, во Прилеп во тек се три капитални проекти со над два милиона евра кои што наесен треба да бидат готови. Станува збор за реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, големиот мост кај таканаречениот Сточен пазар и градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: