ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Нови мерки за справување со коронавирусот

1.118

Општинскиот штаб за управување со кризи донесе нови мерки за справување со коронавирусот на вечерашниот состанок, свикан на барање на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на кој се расправаше за новонастанатата ситуација после Одлуката на Владата од утре, недела 22 март 2020 година, во времето од 21.00 до 06.00 часот, да воведе полициски час.

Општинскиот кризен штаб ги донесе следните мерки:

– Се забранува собирање на повеќе од 5 лица, особено на младите, во парковите во градот, излетничките места и викендиците во околината на градот
– Се заострува контролата при влезот на возила од сите четири правци, при што секое возило кое влегува во градот ќе биде дезинфицирано
– Се укинува Јавниот градски превоз
Ќе се врши континуирана дезинфекција на улиците во градот и населените места.

– Истовремено, градоначалникот Јованоски упати апел до граѓаните, доколку забележат случаи на непочитување на мерките донесени од страна на Владата и Општинскиот кризен штаб, да ги пријават во МВР на број 192.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: