ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп подготвен за карневалот Прочка- пријавувањето на маските трае!

784

Општина Прилеп,се подготвува за меѓународниот карневал „Прочка 2018“, кој што годинава го има своето 17 издание.

Карневалот започнува на 16-ти февруари со изложбата на маски, која ќе се постави во НУЦК „Марко Цепенков“ неколку дена пред карневалот.На оваа изложба учествуваат сите училишта – основни и средни со свои креации претходно селектирани од наставниците по ликовна уметност.
Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари, на кој што очекуваме да земат учество основните училишта од Прилеп со свои групни маски проследени со соодветна кореографија и музика, додека меѓународната поворка за возрасни ќе се одржи на 18. февруари, каде се планира и учеството на групите од средните училишта.

На карневалот се очекуват над 1000 учесници и гости од повеќе држави, иако пријавувањето сеуште е во тек, Досега на маѓународниот карневал „Прочка 2018“ пријавени се групи и од Македонија, и од соседните држави: од градовите Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква,Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и др.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: