CSS Template

Прилеп: Регистриран уште еден нов случај на заразен од Ковид 19

788

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата.
Од нив 1 е од Прилеп, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Прилеп изнесува 9.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица
– Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, извести на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.


Farma Dolneni
Vivafarm