ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се дезинфицира секој автомобил за влез во Прилеп, прилепските улици…

825

На влезовите од Прилеп во  функција се ставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп. Автоматските прскалки кои се поставени на сите 4 влезови во градот, користат специјално дезинфекционо средство и работат на принципот на активирање на сензор.

Во текот на денешниот ден, со цистерни на Територијалната противпожарна единица без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и цистерни немаат пристап.

Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата се вршеше со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди општина Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб уште еднаш апелираат до граѓаните на општина Прилеп да останат дома, да го почитуваат полицискиот час, како и препораките на Владата и Министерството за здравство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: