ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕП СЕ ДОБЛИЖИ ДО ВТОРОТО МЕСТО

372

Екипата на Прилеп успеа со 28:25 да го совлада Радовиш во 5. коло од плеј-аутот на Супер лигата. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ домашните ја имаа иницијативата и водството во текот на целиот меч. На полувреме избраниците на Горан Кузманоски – Таста беа на плус два (13:11), во продолжение зголемија на недостижни осум разлика. Ова е втора победа во серија, по претходната во Струга, така што прилепскиот тим се доближи до второто место од табелата, кое гарантира суперлигашки опстанок. Прв е Пролет со 17, втора Струга со 10, трет Прилеп со 9, четврто Скопје со 4, петти Радовиш со 3.

 

Во идното коло, на 28 април, се дуелите Радовиш – Пролет и Скопје – Струга, а на 1 мај Струга – Пролет и Прилеп – Скопје.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе