СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Прилеп се вклучува во Европските денови на културно наследство  

279

И, Прилеп се вклучува во културниот европски проект „Европските денови на културно наследство“  кои се одржуваат од 23 до 29 септември во повеќе градови низ Европа, а  има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за европското наследство. По повод Европските денови на културно наследство, ЈУ Завод и Музеј Прилеп, во рамките на  проектот „Нов Настан – Почитување“ денеска се одржа едукативна работилница со децата болни од церебрална парализа, кои го посетуваат Дневниот центар.

– Нашата цел која што ја одбравме се децата од Дневниот центар за церебрална парализа и од Центарот „Ѕуница“за лица со посебни потреби, една причина повеќе е промоцијата на нашата рампа за инвалидизирани лица, така што од сега па натаму ќе можат да ги посетуваат нашите поставки. Организиравме една визуелна едукативна тродимензионална современа со која што посетителите ќе можат да се запознаат со европските и светските чуда, кои што можат да се проследат преку еден автентичен и несекојдневен начин, рече Лилјана Неделкоска од НУ Завод и музеј Прилеп. 

Децата ќе можат да се вклучат во социјалниот и културниот живот на ваков начин и активностите на НУ Завод и музеј ќе бидат поблиски.

Инаку, овогодишната тема на Европските денови на културно наследство е „Уметност и забава“ и во контекст на тоа, во 50 земји од Европа, се одржуваат над 700 илијади културни настани. „Европските денови на културно наследство“,  преставува културен проект најшироко прифатен од граѓаните на Европа. Иницијативата со години наназад успешено ја промовира  инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе