ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп во соработка со ЕБРР ќе бара проекти за функционални сообраќајни решенија за градот и градскиот превоз

811

Претставникот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР), Јан Џенингс и Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска остварија средба во прсуство и на директорот на МЖ, Хари Локвенец и преставници од локалната власт .

На средбата се разговараше за можностите за остварување соработка помеѓу Општина Прилеп и ЕБРР, првенствено за изработка на проекти за функционални сообраќајни решенија за градот, категоризација на улиците и подобрување на условите во градскиот превоз.

„Со г-нот Јан Џенингс разговаравме за проекти за подобрување на сообраќајните решенија во градот, за категоризација на улиците и повеќе паркинг места, особено за подобар и поефикасен јавен превоз во градот и населените места. Се надевам дека студијата која во наредниот период ќе ни ја предложат, ќе ни користи за севкупна реализација на овој проект“, нагласи градоначалникот Илија Јованоски.  

Заблагодарувајќи му се на домаќинот за искажаното гостопримство, претставникот на ЕБРР, Јан Џенингс, искажа задоволство од досега реализираните проекти од страна на локалната самоуправа, како и од укажаната можност да разговара со првиот човек на општина Прилеп за визијата за развој на градот.

„Со градоначалникот Илија Јованоски имавме иницијален разговор во однос на урбаниот транспорт, сообраќајниот режим во градот и јавниот транспорт. Разговаравме за начинот на кој Европската банка за реконструкција и развој може да биде вклучена во развојот на ваквите проекти во општина Прилеп. Се договоривме разговорите да ги продолжиме после локалните избори, со фокус на ‘зелената’ мобилност и одржливоста во јавниот транспорт“, истакна претставникот на ЕБРР, Јан Џенингс.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: