ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За прилепската култура 5,6 милиони денари од Министерство за култура за оваа година

451

Оваа година, споредбено со минатата Прилеп за 30 % ќе има повеќе средства од Министерството за култура за културните настани поврзани со ликовната, театарска, музичкo- сценската, фолклорната и издавачката дејност велат од ЦК „Марко Цепенков„ -Прилеп,  кои најавија над 40-тина културни проекти финасирани исклучиво  од Министерството за култура кое одобри  5,6 милиони денари за културните и инвестициони проекти.

Од областа на драмската дејност ќе се реализираат театарските престави „ Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска    „ Хамлет “ од Вилијам Шекспир, во режија на Бранко Брезовец  , „ Круг “ (работен наслов) – по мотиви од драмата „ Дамата од Дебјук “на Едвард Олби во режија на Јован Ристовски „ Мистеријата Буфо“ од Дарио Фо во режија Андреј Цветановски  и „ Декамерон“ од автор Џовани Бокачо во режија на Мартин Кочовски.

Од областа на музичката и музичко сценска дејност  прилепечани ќе можат да  ја проследата Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ гостување на НОБ, Концерт на Хорот на Националната опера и балет, Оперска ноќ , Концертна промоција на четвртиот албум на групата БАКЛАВА наречен “Четворка“                  Концерт на камерен оркестар „Профундис“ (под работен наслов Патување) ,                                                            Концертот  „Мојот роден град “со дела на Властимир Николовски, Проектот „Mirror in The Mirror“ Виола и пијано со визуелна проекција, Концертот на класична музика со пијано „Сонатна вечер“ , Концертот на мешан хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола  и Тековните активности на танцово студио „Зодијак“

Од областа на фолклорот во Прилеп „Целовечерен концерт ќе одржи ФА „Мирче Ацев“ – Скопје , „Работа на КУД „Моминок“ – возрасни и помладок“ и  „Работа на уметничката група октет „Прилеп“  .

Од областа на издавачката дејност и литература списание за литература, уметност и култура „Стремеж“ (два броја)  е финасирано од Министерството за култура, а од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн 19 проекти ќе бидат реализирани со пари од Министерството за култура: „ Случани средби“  од Дијана Томиќ Радевска, „ Напуштени предели“  од Никола Пијанманов  „ Самостојна изложба“  на Филип Цакоски,  „ Моите соништа на монументални платна“  на Кирил Геговски – преземање од НГМ, „ Убавината како хармонија и единство на противречностите“ на  Викторија Димеска, „ Геолошки пресек 2“ на  Давид Атанасоски м „ Миноски – Творец на мигот “  на  Илија Миноски , „ Неподносливата леснотија на уметникувањето“ на Елена Димоска, „ Празна галерија“  на Методи Исков,  „ Тектонски пореметувања“  од Зоран Арсовски  , „ Поглед напред, поглед назад“ ,од Марија Стојаноска Петковски,  Годишна изложба на ДЛУП , „ Рет роспективна изложба“ , Павле Кузмановски – преземање од УГТ ,„ Нов почеток “ , Александар Наумовски , „ Разговори со Атман“ , Сотир Хаџи- Николов , „ Космички пејзажи“ , Дејан Иванов – Маргуш      „ Годишна изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „ Марко Цепенков“ – Дрен 2022#                    „ Мал битолски Монмартр 2021“  и Меѓународна ликовна колонија „ Марко Цепенков“ – Дрен

Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема Центарот за култура „Марко Цепенков„ со дражавни пари  планира: Санација на хидрантската мрежа во НУ ЦК „ Марко Цепенков“  , Поставување под во канцелариите и во ходникот во ЦК „ Марко Цепенков“   како и                           Набавка на аудиоопрема ( музичка кутија) со микрофон   и Набавка на штафелаи за галериската дејност.

Што се однесува до изградбата на новиот театар во составот на центарот за култура „Марко Цепенков“, директорката на ЦК „Марко Цепенков„  Јасмина М. Станкоска на деншната прес конфееренција потврди дека од Министерството за култура се добиени 100 илијади евра (6 милиони денари)  за подготовка и изработка на проектно-техничка докумнтација, а до крајот на годината таа најавии почеток на градежни изведви за новитот прилепски театар, кој требаше да почне да се гради во 2020 година .

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: