ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СПОРТСКИ ЖУРНАЛ : Победа ни е во срцето – со мислите сме кон првата позиција во младинската лига (ВИДЕО + ФОТО)

Поп-Антоски , Јосифоски и Јакопетрески - иднината на прилепскиот фудбал

1.659

Христијан Поп-Антоски , Христијан Јосифоски и Михаил Јакопетрески се само дел од плеадата талентирани прилепски фудбалери кои макотрпно со долгогодишна фокусираност во нивната фудбалска кариера чекорат напред во фудбалскиот свет кој за нив е единствена преокупација.Млади , полетни и искрени во одговорите за време на гостувањето во нашата емисија во живо на програмата на Радио Пела , СПОРТСКИ ЖУРНАЛ. Секој со различна позиција во екипата но со иста мисла и цел , прво место во младинска конкуренција и во иднина дел од сениорскиот тим на Победа.

И тројцата веруваат во успех , веруваат во она што најмногу сакаат да го работат , да се докажуваат на фудбалските терени , велат Победа ни е во срцето и сакаме да испратиме и јасна порака до сите оние кои сакаат да тренираат и да се надоградуваат , да бидат упорни и истрајни во намерата да успеат во предизвиците кои ги носи фудбалската бубамара. Разговорот со иднината на прилепскиот фудбал можете да го погледнете подолуг во видеото.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе