CSS Template

Прилепски „Гентерм“ времено под клуч

1.486

Од како еден од вработените бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на Ковид 19, Гентерм лоцирана во индустриската зона кај Алинци времено се затвора потврдуваат од компанијата, со цел да се изврши дезинфекција.

– Со оваа соопштение би сакале да потврдиме дека еден вработен од нашата компанија бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на COVID-19. Вработениот во моментов е во само-изолација, веднаш тестиран за COVID-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните 2-3 дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и транспортот со погоре споменатиот вработен се идентификувани и испратени дома на само-изолација во наредните 14 дена . Нашата фабрика ќе биде затворена од Април 2.2020 за да биде дезинфицирана од авторизирана институција, посочуваат меѓу другото во соопштението од Гентерм .

Од компанијата наведуваат дека била обезбедена е дополнителна лична заштитна опрема, како и тоа дека фабриката била дезинфицирана и чистена неколку пати во смена, а преземени биле сите останати препораки и мерки за превенција од Ковид 19.


Vivafarm
Farma Dolneni