СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Прилепскиот шаховски фиде мајстор Велески повторно на силен меѓнароден турнир

376

Заврши 41-от меѓународен традиционален шаховски меморијален турнир „Трингов 2019“ кој се одржа во Пловдив, Бугарија. На турнирот  настапија околу 90 шахисти од земјите од регионот. По девет одиграни кола , прилепскиот шаховски, фиде мајстор,

Роберт Велески заврши на 51 позиција со вкупно освоени 4,5 поени. Во првата таканаречена А дивизија на турнирот покрај Велески од земјава настапија уште и Емил Ристески кој се пласираше на 39-та позиција како и Андреј Вељаноски кој на крајот беше 45-ти.

Овој шаховски турнир е традиционален, а на него учество зедоа шахисти од Бугарија , Грција , Русија , Србија , Романија , Италија , Украина, Австрија и Македонија.. Во силна конкуренција на меморијалниот шаховски турнир „Трингов 2019 та.“ триумфираше бугарскиот шахист Радислав Димитров , на второто место заврши Тиличеев ,а трето пласиран буагирнот Спасов.

Инаку, во втората Б дивизија на турнирот од Македонија настапија уште и талентираните Андреј Иванов и Андреј Калин кои завршија меѓу стотината учесници.

Никола Димески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе