ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николовски: Никој нема право, врз трудот на тутунарите, да стави дамка!

869

Мерките од годинешните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, особено новините кои се однесуваат на одгледувачите на говеда и производителите на млеко, нивните барања, предлози и мислења беа тема на денешната средба во Прилеп меѓу сточарите и министерот Љупчо Николовски. Сточарите како производители на храна бараат намалување на даноците, при пресметката на ДДВ- то, поширок пристап кон земјоделско земјиште наменето за пасишта и производство на добиточна храна, во фармите да не им се пресметува индустриска струја, правилник за откуп на млекото… Националната програма е со развојна компонента, потенцираше ресорниот министер Николовски.
– Во новата Програма за директни плаќања, и годинава одгледувачите на говеда со развоен потеницијал ќе добијат за 10 отсто повисоки субвенции. Со цел да се поттикне интересот за премин на посериозните фармери во повисока категорија, се зголемува прагот, односно оваа зголемена субвенција ќе важи за сточарите кои имаат од 10 до 50 грла говеда, а не како лани од 5 до 20 грла. Во оваа категорија спаѓаат 24% од вкупниот број на одгледувачи на говеда и 42 отсто од добиточниот фонд, истакна Николовски.

Во врска со актуелните случувања во репрезентативната организација на тутунарите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители, како и најавениот прекин на откупот на тутунот заради наводно повлекување на поверениците, на новинарско прашање од Радио Пела, министерот Николски одговари :
– Ги повикувам институциите сериозно да расчистат секаде каде што има сомнеж за било какви манипулации или злоупотреби. Поверениците или оние кои што се претставници на тутунопроизводителите, тие мора да бидат платени и тие мора да си ги добијат своите пари. Сите кои што се одговорни, Сојузот, здруженијата, навистина треба да се одговорни. Повикувам за било какви нејаснотии, неправилности, прашања, институциите брзо си ги расчистат, за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството, кој што и со самиот скрининг процес веќе сакаме да го заштитиме, потенцираше Николовски.


Како што е познато близу 30 илјади семејства егзистираат од тутунопроизводство, значаен девизен прилив се остварува преку извозот на тутунот и тутунски производи. Досега исплатени се околу 80 милиони евра, за предадени 24 илјади тони тутун. Просечната цена надминува 200 денари од килограм.

– Никој нема право на трудот на тутунопроизводителите, на земјоделците, никој не смее да стави дамка на целата таа работа. Треба да се тутунопроизводителите мотивирани, задоволни, буквално треба да се работи по закон, по прописи, и затоа постојат институциите, државата за да се расчистат било какви нејаснотии. Јас лично веќе денеска го овластив шефот на кабинет директно да ги собере сите информации, да знаеме и денеска сум тука на располагање да остварам средба поединечно, вон оваа работна средба, со сите кои го знаат проблемот, лично да ми го предочат, објаснат и да се најде веднаш решение. Информирам сум дека денеска нема прекин на откупот, беше најавено, но нема, така што ќе следиме активност.

Според најавените измени во Законот за тутун, годинава ќе се спроведува пилот проект така што се укинуваат евидентните листови.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: