ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските и долненските тутунари протестираа

613

Патниот правец Прилеп-Плетвар денеска беше затворен за сообраќај од 10 часот во траење од 1 часот од прилепски тутунари. Земјоделците бараат реална проценка на тутунот. Велат дека од 1 јануари тутунот не се откупува, а оној кој се презема се плаќа за класа пониско. Тие бараат да се зголеми откупната цената и сите откупни пунктови да проработат.
Воедно тие бараат итна средба со ресорниот министер Трајан Димковски, со цел да го запознаат со фактичката состојба и изнаоѓање на решение. Тутунарите бараат да се направат корекции во легислативата и закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија.
Доколку нивните барања не се оствараат тутунарите најавуваат дека ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патишта.
До крајот на откупот остануваат уште 20 тина дена. Неофицијално, најголем дел од неоткупениот тутун од ланската реколта околу 2 илјади тони, е во прилепско.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе