ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските угостители за карневалот со продолжено работно време

693

И годинава ќе важи одлуката донесена од Советот на Општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016 со која за време на карневалот „Прочка“, угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време.
Согласно чл.23 од Законот за угостителска дејност, а да им се излезе во пресрет на барањата на кафетериите, рестораните и пицериите, работното време во објектите се продолжува за дополнителни 2 часа.
Ова, дополнително работно време се однесува само за деновите на одржување на карневалот, од петок 16 заклучно со недела 18 февруари.
Инаку, Прилеп и годинава во рамките на деновите од карневалскиот фестивал ќе го посетат голем број гости не само од земјава, туку и од странство. Според пријавените учесници на прочкарското дефиле ќе има групи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Украина, Албанија и од други европски земји.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе