ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прочка 2018- изложба на маски од прилепските ученици

1.352

Учениците секоја година имаат привилегија да го отворат карневалот „Прочка“ во Прилеп. Изложбата на рачно изработени трaдиционални маски, и годинава се одржа во центарот за култура „Марко Цепенков“. На оваа единствена од ваков вид изложба на креации беа претставени над 700 креации, што ги изработија учениците од сите основни и средни училишта во градот и населените места. Интересни идеи за тоа како на прочкарските обичаи гледаат учениците, кои пат се потрудиле со природни материјали да создадат нешто ново и поинакво.
– Денеска официјално почна меѓународниот карневал „Прочка 2018“, со изложбата на маски на учениците од нашата општина. Избрани се три типа маски со по три награди за прво, второ и трето место, а учениците што ги изработија ќе добијат и парични награди, напомена градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски кој упати покана за настаните што следат во рамките на карневалот.
Меѓу тројцата наградени ученици за прво место е ученикот Иван Крстески од СОУ „Ѓорче Петров“. Тој изработил маска којашто ги претставува четирите годишни времиња во огледало.
– Маската ја правев две недели и за неа добив прва награда, рече Иван.
-Јас направив ‘веницијанска маска’ со природни материјали. Ја правев една недела со помош на наставникот по ликовно образованиеа, рече Димитар Илиески, ученик од ОУ „Блаже Конески“.
– Комисијата од повеќе наставници по ликовна уметност работеше до доцните часови, за да ги избере и награди најдобрите маски. Жири комисијата одлучи да ги награди маските, што ги изработија овие ученици: Димитар Илиоски од 8-5 одделение од ООУ „Блаже Конески“, Иван Крстески од 1-1 одд. од СОУ „Ѓорче Петров“ и Давор Степаноски од СОУ „Орде Чопела“, кои се добитници на прва награда. Втора награда добија учениците од дневниот центар „Ѕуница“, потоа Андреа Мирческа од ООУ „Кирил и Методиј“, од населеното место Подмол и Александар Гулабоски, ученик во гимназијата „ Мирче Ацев“. Третото место им припадна на учениците: Марија Долеска од 8-2 одделение од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Семих Келенкоски од ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м. Канатларци и Филип Трајкоски од 4-3 клас од гимназијата „ Мирче Ацев“ информираше Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.
Утре, детскиот карневал, ќе започне во 12:30 часот, а ќе продефилираат сите поединечни и групни маски со учениците од основните училишта во градот. Во недела на 18 ти со почеток во 13:00 часот ќе се одржи главниот настан „Прочка 2018“. Манифестација ќе продолжи во хотелот „Липа“ со забава под маски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: