ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Приведени 16 лица за дрвокрадство. Пустошеле по прилепските планини (Видео од акцијата)

503

На повеќе локации во место викано Борула, Прилепско, вчера е спроведена координирана оперативна акција „Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на  ЈП Национални шуми и внатрешна контрола на ЈП Национални шуми, соопштија денеска на прес конференција преставнци од МВР. При тоа беше нагласено дека во оваа акција биле приведени девет возрасни и седум малолетни лица.

Приведени се лицата :  И. А.(35), С. А.(58),  А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24),   А. А.(41), Ш. З.(41), П. К(42) сите од Прилеп, како и седум малолетници.

 

При,тоа пронајденисе  и одземени шест патнички моторни возила, натоварени со дрва. Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,  кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП „Национални шуми”.

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 „Пустошење на шуми” од КЗ.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: