ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Привршуваат градежните работи на два спортски објекти во Општина Крушево.

396

Во општина Крушево, периодов се актуелни градежните работи на два спортски објекти.
Уредувањето на партерот на спортската сала во Крушево е во напредна фаза. Сега, салата е со патека која води до карпата за искачување, а просторот се оспособува за користење и во вечерно време.
Партерното уредување чини околу 2 милиони денари, а целиот проект е 500 000 евра.
Проектот вклучува реконструкција на спортска сала, опремување и поставување на карпа за искачување, набавка на минибус за превоз на параглајдеристи, поставување на сувенирници, изработка на промотивен материјал, посета на саеми за туризам и друго. Партерното уредување на спортската сала е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.
Паралелно, градежните екипи работат и на изградбата на повеќенаменското игралиште во с. Алданци, во општина Крушево, кое што е во завршна фаза. Игралиштето ќе биде збогатено со реквизити за повеќе спортови, по барање на младите од ова населено место.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: